Currently browsing posts found in август2008
Ај, почастете се со тортичка, Бочваров чочек и малку винце на моја сметка утре ми е роденден….Колку!? Алаалаааааа! 43 и некој месец ….у доверба 144 месеци…


Posted at: август 31st, 2008 - 8:58 pm - Исклучени коментари
На форумов на блогерајов читав еден пост ВОЗОВИ ВО МК во кој се вели
… Не знам зошто, ама возење со воз во последно време ме релаксира и одмара…
Сега само ќе го пренесам мојот коментар со скен на возната карта како доказ дека се што е кажано е вистина…
Во саботата шибав со воз на релација Скопје-Прилеп.
Еве како јас се "релаксирав и одмарав" во кратки црти:
Тргнува во 18.20…на време.
Кај мостот и во тунелот на Кадина Река почна да чади нешто од
локомотивата.Стигнуваме низ дим до станицата.
Противпожарни апарати се вадат од станицата, од локомотивата, од
патничките вагони. Гасењето успешно по 20 мин. Патниците вџашени!
И, што сега?
Поминува теретен воз со композиција од 30 вагони. Застанува. Се откачува
локомотивата од таму и со некоиманеври од 15-тина минути не закачува нас. Не префрла до Велес.
Тука чекаме нова локомотива од Скопје.
Доаѓа по 40-тина минути. Стигнувам во Прилеп со задоцнување од 2 часа.
Недела, возот треба во 19.20 да тргне од железничка станица во Прилеп. Го нема до 19.45. Доаѓа со 5-6 вагони од кои 4 се сигурно полни од Битола. Трка по слободни места. Кој седна, седна. У едно купе 2 полицајци (службено се во возот) не пуштаат никого. Тоа купе било САМО ЗА НИВ. Кој ги ебе патниците.Кој не седна, си стои у ходникот. Попатно се полни така да пред Велес ми изгледа као да се возам со воз у Панама само што нема патници на кровот. Во едно од купињата некој пушта техно на мобилен. Во моето еден лап-топ цепа Цеца и Тозовац. Типот до мене хрчи као да е сам
на земјинава топка. У Велес малку се празни возот а не се полни зошто
оние кои го чекале, а не го дочекаа, се откажале. Кондуктер на враќање
не видов. У Скопје некаде околу 23 часот.
Инаку картата е ефтина …265 денари повратна. Што повеќе се возиш, повеќе штедиш…пари. НЕРВИТЕ, НЕ МОЖЕШ, ГАРАНТ.
Епа, ако и после ова возењето со воз сеуште те релаксира и одмара …пријатно релаксирање и одмарање!
п.с. Ова што е потцртано…со други бои…подвлечено…не знам да го исправам…штета
Posted at: август 19th, 2008 - 10:43 pm - Исклучени коментари
Инспирирана од мојот последен пост , од Вашите сугестии во коментарите на постот и моето реморкерско укотвувањена www.blog.com.mk , со моето "скромно" познавање на Photo Shop си напраив пародија на сето тоа која си ја нареков:
Ај сеа кликни на Најави се ако смееш!

Posted at: август 5th, 2008 - 10:28 pm - Исклучени коментари
Чичко Славе пред некој ден се одлепи од овој свет.
Shutdown.
Осумдесет и седум.
Го учипивме у Бутел, као Тито.
Заслужи.
Цвеќиња, ковчег, венци, сендвичи, гравче…
За мерак!
Единствено шлајката на неубаво место. Угорница!
Плус оној со тоа црниот карван вози ко Шумахер…
Просеа се што имаше врз ковчегот, ко да је јесења сеидба у Пелагонија…
Поворката у рикверц почна да собира сокови, пешкири, сендвичи, букети…
И, сеа најважното.
Шумахер застанува. Оставаат тоа што фатиле.
Од 3 венци падна само еден.
Го фатив јас!
Прашањето ми беше.
Да не има некој искуство со фаќањето на бидермаери??
Posted at: август 2nd, 2008 - 10:26 pm - Исклучени коментари


